Правда бара експерти во работната група за уставните измени, пријавување до 10. април

од Nikola Popovski

Министерството за правда испрати писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија. Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја. Рокот за номинирање на претставник е најдоцна до 10.04.2023 година.

Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава. За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени.

Слични содржини