Правда бара од сите партии да го поддржат новиот Закон за амнестија: Состојбите во затворите е алармантна

од Nikola Popovski

Министерството за правда информира дека неколку пати испратило дописи до координаторите на политичките партии во Собрание на Република Северна Македонија за да се произјаснат за новиот предлог Закон за амнестија.

Барањата се испратени по писмен и електронски пат на 18.07.2023, 20.07.2023, 24.08.2023, 11.09.2023 и 13.09.2023 година. Со предлог законот преку писмен допис е запознат и председателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според правда, од нив e побарано во најкус можен рок да го разгледаат и да се произјаснат за законското решение, давајќи свои забелешки и сугестии.

Укажуваме дека состојбата во затворите е алармантна за што укажуваат и бројните меѓународни ивештаи кои се занимаваат со ова прашање, како и од страна на Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

 

Со амнестијата се очекува да бидат опфатени лица кои се осудени на казна затвор до 6 месеци, како и осудените лица на кои им е изречена казна затвор над 6 месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда, велат од Министерството.

Оттаму ги замолуваат сите политички партии да го поддржат овој хуманитарен чин кој е од интерес за граѓаните и да го изгласаат ова законско решение.

Слични содржини