Министерството за правда и официјално го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.
Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ.
Оттаму велат дека очекуваат соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок.
Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати до турските власти.
Барањето за екстрадиција на кој стои потписот на министерот Лога, доаѓа откако Палевски беше уапсен во градот Баликесир, во Турција. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а апсењето се случи ден потоа. Основното јавно обвинителство го сомничи Палевски за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата се опфатени уште четири лица.