Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Euronews“ зборуваше за евроинтегративниот пат на Македонија и предизвиците што ги носи. Тој истакна дека државата веќе направила големи отстапки, како промена на името и Уставот, но сè уште има барања за нови промени.
Мицкоски рече дека ќе продолжи да се бори и да ги пренесува аргументите за Македонија во светските метрополи, како Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз и други, со цел да ја добие поддршката на меѓународната јавност.
Тој посочи дека неговата цел е да го врати дел од изгубеното и да обезбеди подобар живот за сите граѓани во мултиетничката земја, вклучувајќи Македонци, Албанци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми и Турци.
Коментирајќи ги европските пораки за Западен Балкан, Мицкоски рече дека македонските граѓани се разочарани, но остануваат верни на европските вредности и стратешките цели – членство во НАТО и ЕУ. Тој истакна дека иако повеќето земји членки на ЕУ сакаат Западен Балкан во Унијата, правилото за едногласно донесување одлуки ја отежнува ситуацијата и го прави ризикот од нови отстапки за Македонија.