Правната комисија на ЕП изгласа одземање на пратеничкиот имунитет на Марин ле Пен

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 

Правната комисија на Европскиот парламент денеска со големо мнозинство изгласа да и биде одземен пратеничкиот имунитет на кандидатката за претседател на Франција, Марин ле Пен поради тоа што објавила снимки со насилни содржина на Исламска држава, соопшти европратеничката Лаура Ферара.

Таа наведе дека одлуката сега треба да биде потврдена од целиот Парламент со гласање во пленарната сала, но се уште не е одреден датумот за тоа.

Ле Пен е под истрага во Франција бидејќи во 2015 година на Твитер објави три снимки од егзекуции на ИД, меѓу кои и обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоули.

Правната комисија денеска го разгледуваше прашањето по барање на француските судски власти дали таквото однесување на Ле Пен е умесно.

ЕП минатата година прифати 22 од 26 барања од судските власти за одземање на пратенички имунитети/МИА