„Празен Олд Трафорд“: Навивачите на Јунајтед повикуваат на бојкот

од Nikola Popovski

Борбата меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед и сопствениците на клубот продолжува и оваа сезона.

Започна со тежок пораз во првото коло. На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед беше поразен од Брајтон (1:2), со што ја продолжи агонијата која траеше минатата сезона и не беше прекината со промена на клупата, ниту пак беше смирувана од сите приказни и гласини околу Кристијано Роналдо.

По многубројните акции што ги направија во текот на минатата сезона под слоганот „Глејзер аут“, навивачите на Манчестер Јунајтед сега бараат нешто подрастичен потег.

Повикуваат на бојкот на натпреварите, а пред се на бојкот на најголемото дерби – натпреварот со Ливерпул.

„Промените бараат жртва. Не доаѓајте на натпреварите. Најголемиот натпревар на домашен терен во англискиот фудбал се случува само еднаш во сезона, #EmptyOldTraford (Празен Олд Трафорд)“, велат навивачите и ги повикуваат сите да им се придружат.

Слични содржини