Раперот и бизнисмен Канје Вест верува дека гените на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, се производ на генетски инженеринг.
– Земете еден кинески гениј и поврзете го со јужноафрикански супермодел. Го добивате Илон – напиша Вест на Инстаграм.
Раперот исто така верува дека луѓето одговорни за геномот на Маск „веројатно направиле 10 до 30 Елони, но тој е првиот генетски хибрид што функционирал“.
Мајката на Маск, Маја, е модел со канадско потекло, додека неговиот татко Ерол е бел Јужноафриканец.
Претприемачот и милијардерот зборовите на Вест ги сфати како шега и комплимент, за што раперот потврди дека е така наменет.
Двајцата се судрија минатата недела откако Вест на Твитер, објави симбол комбиниран од Давидовата ѕвезда и свастика.
Маск го означи тоа како кршење на правилата на мрежата и поттикнување насилство, па профилот на Вест беше суспендиран.
Симболот што го сподели Вест беше многу слична на Релианското движење, квази-религиозна организација која го отфрла постоењето на божественото и верува дека човештвото е создадено од добронамерна вонземска цивилизација.
Нејзините приврзаници веруваат дека човечкото клонирање е патот до бесмртноста, а тоа право го стекнуваат само оние што се достојни за тоа.
Вест беше во центарот на вниманието поради неговите контроверзни антисемитски изјави во изминатите неколку месеци, што предизвика многу компании да го прекинат својот високопрофитабилен бизнис.