Пречекани 140.000 обрасци за патни исправи на ГП „Богородица“

од Nikola Popovski
196 прегледи

Синоќа, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на ГП „Богородица“ ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши, демонстрирајќи го концептот „МВР за Граѓаните” на дело.

Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.

„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, кажа Бојмацалиев.

Во оваа прилика, тој упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.

Претходно, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измена на Законот за патни исправи, како решение за проблемот со пасошите, е несериозен и директно се коси со Уставот. Продолжувањето на рокот на важење на валидните пасоши до крајот на годината, како што се предлага, вели нема да им помогне на граѓаните. Наместо законски измени, според вицепремирот треба да се разговара со компанијата која ги обезбедува обрасците за пасошите и да се постигне динамика со која целиот процес би завршил претстојното лето.

Според министерот Панче Тошковски, проблемот со пасошите може да се реши уште утре доколку пратениците ги поддржат законските измени за продолжување на важноста на пасошите со старото уставно име кои се валидни до крајот на годината. Во однос на актуелната динамика на издавањето на пасошите, Тошковски кажа дека фотографирани граѓани кои не добиле патна исправа има околу 105 илјади. Оние, како што рече, кои се фотографирани заклучно со денеска, би ги добиле новите пасоши, ако динамиката оди како што треба, за максимум месец и половина.

Тошковски откри дека внатрешната контрола активно ја проверува ситуацијата, особено причината за значителното намалување на бројот на достапни обрасци за пасоши. Тој ја подвлече важноста од непристрасна истрага, ослободена од надворешни влијанија.

Дополнителна машина нема да може да се обезбеди бидејќи земјава е во процес на избори, а набавката би траела долго. Во моментов за промена на патни исправи чекаат 650 илјади граѓани кои на располагање имаат пасоши со старото уставно име.

Рокот за промена на патните исправи со новото уставно име заврши на 12 февруари, а договореното од Преспанскиот договор веќе се применува во пракса во голем дел земји од светот.

Слични содржини