Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на стратешки крстосувачки ракети на воен брод на морнарицата, објавија државните медиуми.
Лансирањето имаше за цел да ја потврди „борбената функција на бродот и карактеристиките на неговиот ракетен систем“, а истовремено да ја подобри способноста на морнарите да извршат „нападна мисија во вистинска војна“, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на КЦНА.
Се додава дека ракетата „брзо и без грешка ја погодила целта“, пренесува Танјуг.