Пред да дојде Нуланд и Груевски и Заев подготвени за избори- останува уште да се договори датум

од desk3
183 прегледи

 
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, викендов потврдија двете најголеми политички партии во Македонија се подготвени за избори и повикаа тие да се одржат што поскоро. Според поранешниот премиер и лидер на владејачката партија, на тој начин ќе се скратат штетите што ги трпат економијата и граѓаните.

collage-gruevski-zaev-860x680

Од обраќањата на двајцата лидери се добива впечаток дека изборите се веќе договорени и оти останува само да се прецизира датумот за нивно одржување.

Медиумите шпекулираат дека датумот за избори ќе се договара на средбата со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, која би требало да допатува во Скопје на почетокот на јули.

Лидерот на владејачката партија, во обраќањето на 25. конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека неговата партија е сигурен победник на следните избори, кога и да се одржат.

– Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната за СДСМ поради овие негови политики и штети што ги прави на сите граѓани. Во наредните четири или десет месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и на политичката хајка. Избори ќе има и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ – посочи Груевски.

По “Брекзит расте омразата на Островот “!Натписи со: “Полски ѓубриња, одете си дома”

Лидерот на опозицијата, пак, рече дека СДСМ е подготвен за избори, но дека претходно мора да се исполнат клучните услови.

– Ние сме единствената партија што во декември донесе изборна програма на конгрес, подготвена со формиран штаб да влезе во изборни активности… Ако народот одлучи да му ја даде честа на СДСМ како прворангирана партија во Македонија, да, секако ќе ја зграпчам оваа чест да покажам резултат – рече Заев.

Според него, фер и веродостојни избори се можни и наесен, доколку се исполнат двата услови од Договорот од Пржино – прочистување на избирачкиот список и регулирање на медиумите.

– Не сака власта да ги тргне своите политички канџи што ги има ставено врз Советот на Агенцијата за медиуми и врз МРТВ. Дадовме и други иницијативи, сè со конечна цел – побргу да заврши оваа криза преку регуларни, фер и демократски избори – рече Заев.

 

META

Слични содржини