Украина ја доби втората транша финансиска помош од ЕУ во износ од над 55 милиони евра, во рамките на склучен во 2014 година договор за финансирање помеѓу Владата на Украина и Европската комисија, пренесоа УНИАН.

На сајтот на украинското Министерство за финансии се вели дека средствата претставуваат втора и последена транша од договорот .

Првата транша од овој договор од 250 милиони евра Украина ги доби во јули 2014 година

Од Министерството појаснуваат дека средствата ќе бидат искористени за покривање на трошоци од националниот буџет.