Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари, порача Мицкоски

од Nikola Popovski
278 прегледи

Нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за објавите на СДСМ дека е во текот на нивното владеење е зголемена минималната и просечната плата.

Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.

„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни  пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно од СДСМ се пофалија дека Мерката за зголемување на платитите на вработените во приватните компании отвора можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари.

-Просечната плата од 2016 година досега е зголемена над 250 евра, од 360 на 614 евра. Минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари, сега изнесува 20.175 денари, порачаа од партијата на власт.

Слични содржини