Најмалку 21 лице загина, а околу дваесет се повредени во страшната несреќа во Италија. Ужасот се случил кога автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција и се запалил.
Автобусот го управувал Алберто Рикото, 40-годишен маж од Тревизо, кој загинал во несреќата. Непосредно пред несреќата, тој објавил слика на Фејсбук, на која се гледа дека се наоѓа во кампот Ху во Маргера, со натпис „Шатл до Венеција“.
Очевидци опишале што се случило во секундите пред несреќата и сите се согласиле дека се работи за нешто чудно, што во тој момент немало смисла да се направи. Токму поради ова се споменува можноста возачот да заспал или да му се слошило. Точниот одговор ќе го даде анализата на видеото од камерата која се наоѓала во автобусот.
❌ #Marghera (VE), bus precipitato da cavalcavia: 15 persone soccorse dai 60 #vigilidelfuoco al lavoro, conclusa l’ispezione all’interno del mezzo. Verifica in corso per escludere presenza di persone sotto il pullman [#3ottobre 22:00] pic.twitter.com/LyCjmScE5j
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 3, 2023
Corriere della Sera пишува дека една жена која тврдела дека знае што се случило контактирала со медиумите, како и дека некои сведоци виделе како автобусот се запалил на рампата на надвозникот, но возачот не можел да застане бидејќи бил стиснат меѓу другите автомобили во редицата.
Во тој момент при маневарот изгубил контрола, излетал од патот и паднал. Сепак, меѓу првичните сведоштва собрани од истражителите, нема потврда дека возилото горело пред несреќата.
Un’immane tragedia ha colpito questa sera la nostra comunità.
Ho disposto da subito il lutto cittadino, in memoria delle numerose vittime che erano nell’autobus caduto.
Una scena apocalittica, non ci sono parole. pic.twitter.com/APnsQoPMkL— Luigi Brugnaro (@LuigiBrugnaro) October 3, 2023
Да потсетиме, трагедијата се случила нешто по 19 часот и 30 минути кога автобусот со туристи излетал од надвозник висок 10 метри на пруга, по што се запалил и изгорел до темел.
Меѓу жртвите има најмалку две деца. Меѓу 15-те повредени, идентификувани се 11: четворица Украинци, двајца Шпанци, двајца Австријци и по еден Германец, Французин и Хрват. Повеќето од нив се на интензивна нега.