Пред почетокот на второто полугодие ќе се знае дали ќе има онлајн настава

од Nikola Popovski
257 прегледи

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година.

-Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, соопштија од Министерството за здравство.

Движењето  „Поддршка за онлајн настава“ ја изрази својата загриженост поради наставата со физичко присуство во време кога вирусот зема замав. Администраторката Ана Глигорова вели дека со новиот сој на корона вирусот, со оглед на тоа дека е позаразен, се заразуваат по цели семејства, а не се поштедени ниту децата.

Оваа иницијатива според нив има голема поддршка од родителите. Во Фејсбук групата има околу 15 илјади членови кои бараат онлајн настава.

 

Слични содржини