Пред Собрание „убијци“, а пред Градска „вие сте херои“, марш за правда за жртвите во Кочани

од Milan1
389 прегледи

Голем број на луѓе вечерва од плоштадот „Македонија“ во Скопје, во 18:59 часот, го започнаа маршот во чест на 59 жртви и возачот на Брзата помош. Слоганот е „Доста бевме ние, системот е следен“ при што се бара одговорност за сите оние кои се виновни за трагедијата.

Присутните пред Собранието скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”…

Додека кога поминуваа покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници, со аплауз и скандирање „Вие сте херои“.

Слични содржини