Предистрага за злоупотреби на АКМИС системот

од desk2
175 прегледи

Скопското јавно обвинителство отвори предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите со АКМИСОТ што го достави експертската група од министерството за правда, изјави за Сакам да кажам.мк јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

„Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти при министерството за правда, при извршените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот и во други судови, можам да ви потврдам дека се води предистражна постапка и во оваа фаза таа е тајна“, одговори Јовески.

Судијата Џемали Саити од Врховниот суд на новинарско прашање на ТВ 24 на денешната стручна расправа за реформите во правосудството рече дека не е запознаен со предистражната постапка, но го повтори својот став дека поддржува секаква активност која е во насока на утврдување на вистината и откривање на секој оној кој се огрешил пред законот./SDK