Предизборен митинг на коалицијата „Преродба со Беса“ во Дебар

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Коалицијата „Промени со Беса“ доцна попладнево одржа предизборн митинг во центарот на Дебар, каде ја претстави изборната програма.besa

Пред дебарчани се претстави носителот на кандидатската листа на коалицијата за Петата изборна единица Арбен Лабеништа.

– Редефинирање на државата, целосна рамноправност на Албанците со Македонците, рамноправност на јазикот ,културата, современо здравство, образование, добра патна инфраструктура, работни места. Тоа се нашите заложби, а вие знаете дека тоа може да го остварат само кадрите на оваа коалиција, зашто се вредни, образовани и умни. Убедени сме дека знаете да го распознаето злото од доброто. Доста е со лагите на ДУИ ,која по 11 декември ќе замине во минатото, порача Лабеништа.

Пред дебарчани се обрати и лидерот на „Беса“ Билал Касами, кој вети целосна рамноправност на Албанците со Македонците и, како што рече, „сега или никогаш е време Македонија да стане албанска Македонија“.

Според него, доста било 25 години политика на лаги и оти сега достинството на Албанците ќе го врати токму Коалицијата „Промени со Беса“.