За нецели осум месеци, во изборна година потрешен е скоро 60% од буџетот планиран за целата календарска година. Објавен е Предизборениот финансиски извештај за тоа како се полнела и празнела буџетскта каса од почетокот на годината до 23 ти август, кога е направен и финансискиот пресек на буџетскиот биланс. „Локално“ направи процентуална пресметка на она што е релизирано во однос на она што било планирано на годишно ниво.
Од почетокот на годината до 23 август вкупните буџетски трошења изнесуваат 3,89 милијарди евра што во однос на годишниот план претставува реализација од скоро 60%. На расходната страна за исплата на плати и надоместоци се потрошени 509 000 000 евра или речси си 64% од сумата планирана за целата 2025 та година. Според податоците од првиот Предизборен извештај за „стоки и услуги“ заклучно со 23 септември се потрошени 697 017 000 евра што според пресметката на „Локално“ претставува 58% од годишниот план додека „трансферите и субвенциите“ ја чинеле државата 304 866 000 евра или скоро 59% остварување во однос на планот за целата календарска година.
Буџетски расходи 1 јан до 23 септември
Расходи 59,25%
-плати и надместоци 63,67%
– стоки и услуги 58,10%
-трансфери и субвенции 58,99%
-социјални бенефиции 64,68%
-капитални расходи 33,05%
За „социјални бенефиции“ – што е една од најголемите буџетски ставки, за нецели 8 месеци се потрошени 1,54 милијарди евра или скоро 64,7% во однос на планот.
Според податоците од Предизборниот извештај од почетокот на годината до 23 август, кога е направен пресекот, за капитални расходи се потрошени 255 706 000 евра што претставува реализација од само 33% во однос на годишниот план. На приходната страна од почетокот на 2025 та до 23 ти август во буџетот се слеале 3,39 милијарда евра што претставува реализација од 57,67% во однос на годишниот план.
Приходи 3 398 662 000 евра
Расходи 3 889 606 000 евра
Дефицит 491 100 000 евра
Заклчуно со 23 август по основ на „даночни приходи“ во државната каса се инкасирале 3,12 милијарди евра или 60,11% од вкупните планирани приходи по овој основ. Пресметката на буџетските приходи и расходи во анализираниот предизборен период што ја направи „Локално“ покажува дека буџетскиот дефицит заклучно со 23 август изнесувал 491 100 000 евра.
Д.А.