Предизборни рокови и обврски: Кој, што и кога треба да направи до 5 јуни

од desk3
93 прегледи

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, пред три дена се договорија да ги одложат предвремените парламентарни избори што беа закажани за 24 април годинава и одредија нов термин – 5 јуни.

izbori_wide

Еве кои се датумите и термините што треба да се испочитуваат:

  • 7 април (60 дена пред изборите) – Според Уставот, Собранието мора да се распушти;
  • 22 април – Државната изборна комисија мора да го стави избирачкиот список на јавен увид;
  • 6 мај – Државната изборна комисија треба да ги објави описите на изборните единици;
  • 12 мај – Завршува јавниот увид во избирачкиот список;
  • 13 мај – Треба да бидат објавени листите на пратеници во дневниот печат;
  • 16 мај – Почнува изборната кампања која ќе заврши на 4 јуни;
  • 17 мај – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, пак, во рок од пет дена, до 19 мај, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
  • 21 мај – ДИК го потпишува избирачкиот список, односно изводите од избирачкиот список на кои се гласа;
  • 2 јуни – Државната изборна комисија треба да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии;
  • 4 јуни – Општинските изборни комисии се должни да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори на територијата на Република Македонија;
  • 4 јуни – Завршува изборната кампања;
  • 5 јуни – Ден на предвремени парламентарни избори.

МЕТА