234
Куќните совети кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се во нивна сопственост како станари имаат можност за убави награди, соопшти денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Најдобро одржуваните дворни места на зградите во текот на годината, односно прво место како куќен совет ќе освојат 200.000 денари.Второ место ќе бидат наградени со 100.000 денари и трето место со 50.000 денари.За тоа ќе биде формирана посебна комисија од општината која ќе оценува. Струмичани, ајде уште еднаш да покажеме колку си ја сакаме Струмица. За чисти и средени дворови, за почиста Струмица, вели Костадинов.