Предизвикал сообраќајка на „Пластичарска“ и избегал, по што нападнал полицаец

од Nikola Popovski
353 прегледи

Лице се дало во бегство откако направил сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ (Пластичкарска) и го напуштил местото.

По ова полицијата го пронашла, но тој продолжил да бега, а приведен е неговиот совозач.

„Полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Слични содржини