Кризата која ја предизвика корона вирусот уште еднаш ја покажа важноста на земјоделскиот сектор, особено производството на храна. Сега е вистинско време да размислувате или да се одлучите да се занимавате со земјоделско производство.

Предлог бизнис – Подигнување овошен насад со круша на 1 ха површина.
Независно дали се подигаат поголеми или помали овошни насади или пак се садат поединечни овошки, правилниот избор на времето, како и стручното изведување на садењето, во голема мера влијаат врз приемот на садниците, порастот и родноста на овошното растение.
Садниците од различните овошни видови може да се садат во текот на целиот период на мирување на вегетацијата, односно од опаѓање на листовите наесен сè до потерување на пупките во следната пролет. Во практиката се издвојуваат три периоди на садење на садниците: есенско, зимско и пролетно. Секој период на садење на садниците има свои предности и недостатоци.
Цел материјал на следниот линк!