Предлог на ЕУ: Ковид-сертификатите да важат 9 месеци, после тоа да се прими бустер доза

од Nikola Popovski

Европската унија ќе препорача период од девет месеци за важност на вакциналните ковид-документи за патување на нејзина територија, а исто така ќе предложи да се даде приоритет на вакцинираните патници, се вели во документот на Европската комисија, до кој њујоршката агенција „ Блумберг“ имаше пристап.

Европската комисија ќе предложи земјите-членки да продолжат да ги примаат сите патници кои се имунизирани со вакцини одобрени од ЕУ.

Исто така, ги повикува земјите повторно да се отворат на 10 јануари за сите оние кои примиле вакцини одобрени од Светската здравствена организација.

Предложените измени, исто така, воведуваат ново временско ограничување за важноста на вакцинацијата против Ковид-19, што сугерира дека ќе бидат потребни дополнителни дози по периодот од девет месеци.

Предлозите, кои се однесуваат на патување надвор од ЕУ, се очекува да бидат објавени подоцна денеска.

Владите на ЕУ бараат од блокот да ги изедначи разликите во правилата за да се олесни патувањето, откако владите презедоа различни пристапи за должината на вакцините и засилените дози.

Бидејќи бројот на случаи продолжува да расте низ Европа, Европската комисија планира да ја укине својата бела листа на земји од кои им е дозволено на сите патници од 1 март, без оглед на статусот на вакцинација. Од тој датум, вакцинираните и патниците кои се заразиле со вирусот можат да влезат во блокот со дигитален ковид-сертификат на ЕУ или еквивалентна пропусница.

Ревидираните правила ќе овозможат и патување во ЕУ за деца на возраст меѓу 6 и 17 години кои имале негативен ПЦР -тест пред поаѓање, дури и ако не биле вакцинирани.

Земјите на ЕУ би можеле да бараат дополнително тестирање по пристигнувањето, како и карантин или самоизолација.

Сега предлозите ќе одат на одобрување до земјите-членки.

Како дополнителна форма на заштита, ќе бидат потребни докази за негативен ПЦР тест за сите патници кои биле вакцинирани со вакцина одобрена од СЗО, но не одобрена од Европскиот регулатор за лекови, како и за оние кои се прелажале корона.

Њујоршката агенција наведува дека туристичката индустрија будно ги следи плановите на европскиот блок.

Слични содржини