Предлог-Законот за правда на децата до крајот на октомври во владина процедура

од Nikola Popovski
161 прегледи

Изработката на предлог-Законот за правда на децата беше инклузивен при што учествува сите субјекти во системот на правда за децата, УНИЦЕФ и невладините организации. Работната група за подготовка на Предлог на Законот за правда за децата во процесот на консултации со засегнатите страни посвети особено внимание на препораките за подобрување на законодавната рамка за правда за деца изрaботени од УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, информираа од Министерството за правда.

Со предложените решенија направен е значаен исчекор со додефинирање на најдобриот интерес на детето, а се очекува да се зајакне и улогата на центрите за социјална работа во примената на ресторативна правда односно вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок и да се зголеми заштитата на деца жртви од секундарна виктимизација согласно европските стандарди.

-Особено се значајни предложените решенија во членовите 97 и 98 во кои е транспонирана Директивата на Европскиот парламент за процедурални заштитни мерки за деца кои се осомничени или обвинети во кривична постапка и во нив се уредува правото на дете на поука за правата и право да биде придружувано од родителот/старател во текот на испитувањето пред органот што ја води постапката или од друго полнолетно лице определено од детето.

Ќе се реафирмира системот на специјализација на субјектите во системот на правда за децата со тоа што стручните работници во центрите за социјална работа, судии, јавни обвинители, адвокати и медијатори мора да присуствуваат на специјализирана обука за права на детето и детско престапништво од најмалку пет дена во текот на годината во земјата или во странство.

Како министер за правда ја реафирмирам приоретната заложба на Министерството за правда за натамошно целосно и фактичко остварување на најдобриот интерес на детето преку правда по мерка на децата, како основно начело на Конвенцијата за правата на детето, истакнал министерот за правда, Кренар Лога.

Слични содржини