Предлог-законот за Судски совет доставен за мислење на Европската комисија

-Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија, соопштија од Министерството за правда

од Nikola Popovski
4 прегледи Фото: Министерство за правда

Министерството за правда денеска објави дека по добиеното мислење, Предлог-законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура. Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.

Според ресорот предводен од министерот Игор Филков, клучни новини кои се предвидени со Законот се јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, односно постапката мора секогаш да биде транспарентна.

-Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник”

-Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност

-Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите, како и унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.

Од Правда велат дека за првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот.

-Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега РМ директно одговара на таа препорака, стои во соопштението на МП.