Предлогот на Трамп за одложување на изборите открива несигурност

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Твит од американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој бара одложување на ноемвриските претседателски избори поради можни злоупотреби во вонредни околности, не е потег на кандидат, кој е сигурен во својата победа, се проценува во коментар на Би-Би-Си.

Иако претседателот на САД нема надлежност да ги одложи претседателските избори, предлогот на Трамп предизвика политичка бура, особено ако се земе предвид дека во неколку наврати одби да одговори на прашањето – дали ќе признае пораз во случај на победа на неговиот противник од Демократската партија.

Дописникот на БиБиСи посочува дека Трамп на секој начин се обидува да го намали значењето и кредибилитетот на претстојните претседателски избори во ноември, за кои многу истакнати аналитичари тврдат дека ќе имаaт огромен одзив на гласачите кои ќе гласаат по пошта, нешто поради што американскиот претседател е многу загрижен.

Демократите, се разбира, едногласно го осудуваат Трамп и одговараат дека изборите не смеат да се одложат, но многу влијателни републиканци, меѓу кои и лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, го отфрлаат овој предлог на американскиот претседател.

„Никогаш не сме ги откажале и одложиле федералните избори во американската историја, така што нема да го сториме тоа и овој пат“, истакна МекКонел.

Претседателот нема овластување да ги одложи изборите, а секоја промена во времето на претседателските избори би требало да биде одобрена во Конгрес, прво во Претставничкиот дом, кој го контролираат демократите, а потоа и во Сенатот, кој го контролираат републиканците.

Доколку Конгресот одобри промена на датумот, изборите би можеле да бидат одложени само откако ќе се донесе специјалниот амандман во Уставот на САД.

Слични содржини