Премиерот Димитар Ковачевски неколку пати од собраниската говорница повтори дека предлогот за измена на Уставот е македонски, со цел за да ги убеди пратениците да гласаат.
Како и претходните денови, тој посочи дека постои поддршка од Берлин и Вашингтон и дека никој не ја асимилирал, не се заканувал и не ја нападнал Северна Македонија.
Според него, зад оваа држава стојат најсилните и најголемите. Тој посочи дека на Европа и е потребна Северна Македонија.
Се водевме од единствениот најдобар начин да понудиме, да ги објасниме аргументите „за“ и да побараме поддршка за краток амандман на Уставот. Никого не изолиравме, не ја отфрливме дискусијата. И во 1991 година и сега, приклучување кон ЕУ беше, е и ќе биде најдобриот државен политички процес, нашиот механизам да бидеме земја со сите стандарди. Тоа е со нашето членство во НАТО, што нè прави земја со сегашност и земја со јасна иднина, изјавил Ковачевски.
Тој посочи дека предлогот не е бугарски, туку македонски.
Предлогот за измена на Уставот има еден мотив, а тоа е влез во ЕУ. Тоа го бараат и очекуваат огромното мнозинство граѓани во државата, не помалку. Предлогот е наш, македонски, според договорот од 2022 година, според кој ги отворивме преговорите за членство, кажа премиерот.
За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 70 беа „за“, 47 „против“, а воздржани немаше.
Според Деловникот на Собранието, расправата за потребата од носење уставни измени трае најмногу десет работни дена. За време на расправата, пратеникот може повеќе пати да зборува вкупно 20 минути, а координаторот на пратеничката група вкупно 30 минути. Преставникот на предлагачот може да зборува повеќе пати во текот на распаравата, но не подолго од 30 минути вкупно.