Предлогот за Пенов стигна во Парламент

од Nikola Popovski
212 прегледи

Владата го доставила до Парламентот предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи пленараната собраниска седница за негов избор.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов.

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од фактот што поранешниот градоначалник на Скопје е предложен за нов министер.

-Среќен сум што Ристо Пенов е предложен, го сметам за еден од најдобрите градоначалници во Македонија. Има успешни проекти. Прво ќе оди оставката па избор на нов министер, претходно изјави Ковачевски.

Пред десетина дена Централниот одбор на ЛДП го предложи поранешниот градоначалник на Скопје за нов министер. Ова доаѓа откако претходниот министер и лидер на ЛДП, Горан Милевски најави заминување од двете функции од лични причини.

Слични содржини