Предлогот за укинување на пржинската влада во Cобрание

од Берта Китинска
279 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени парламентарни избори најбрзо што може, наспроти ставот на власта дека ќе се оди на редовни избори во 2024 и оти предвремени сега во услови на здравствена, економска и енергетска криза се неполезни. Опозициската партија најави и доставување до Собранието на предлогот за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.

Предложените измени на Законот за Влада од опозициската партија најавуваат дека ќе ги поднесат денеска, дека предвидува бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

-Најавивме дека ќе поднесеме предлог закон, за предвремените парламентарни избори, кои што по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат таму во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон кој што ќе го предложиме, а го најави и претседателот Мицкоски ќе има бришење на некаде околу 9 точки од Законот кои што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016-та година и доколку сметаат дека се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и изгласаат – изјави вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, пак, вчера истакна дека ставот на СДСМ околу изборите е навистина јасен и досега повеќе пати искажан – нема време за парламентарни избори во услови на глобални кризи.

Слични содржини