Предлогот за викенд без ДДВ не е на ВМРО-ДПМНЕ, вели премиерот

од Берта Китинска
168 прегледи

Премиерот Ковачевски во телевизиското гостување на ТВ 24 зборуваше и за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се организира викенд без ДДВ, при што рече дека не е предлог на опозицијата туку на владиниот коалициски партнер ЛДП.

„Не може да биде предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е постар предлог на ЛДП. Треба да се видат ефектите и Министерството за економија ги прави тие анализи. Еднаш знаете дека имаше таков викенд. Ги разгледувавме ефектите што било купувано во тој викенд, излезе дека била купувана повеќе техничка опрема од храна, но ако треба да направиме ефекти во делот на техничка опрема, зошто да не го повториме уште еднаш“,рече Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска со свои предлог мерки за спас на стопанството, зачувување на голем број работни места и подобар животен стандард на граѓаните.

Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023. Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.