Предложени нови термини за Премиер лигата

од Stefanija Kuzmanovska

Пред пандемијата од коронавирус, Премиер лигата имаше стандардни термини, а љубителите на фудбалот ги поминуваа повеќето од викендите гледајќи ги дуелите од 13:30 до 20:30 часот.

Најпознатиот датум е во сабота во 16 часот по средноевропско време, односно во 15 часот во Англија, но овој пат нема да има натпревари во исто време заради ризикот.

Според извештаите на медиумите на Островот, се предлага термините на натпреварите да бидат следни:

Петок: 21,00 часот
Сабота: 13.30 часот, 16,00 часот, 17,30 часот, 21,00 часот
Недела: 13:00 часот, 15:00 часот, 17:30 часот, 20:00 часот
Понеделник: 21,00 часот.

Слични содржини