„Предмети за легализација се чувале во фиока“, Касами ја обвини претходната власт дека криела завршени предмети

од Берта Китинска
225 прегледи

Првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, ја обвини претходната општинска власт предводена од Теута Арифи дека работела неодговорно и на штета на граѓаните на Општина Тетово.

„Она што е апсурдно и бара одговор од минатото раководство на Општината е дека 67 предмети со конечни решенија долго време биле чувани во фиока, наместо да им бидат дадени на странките. Ова не може поинаку да се протолкува освен како уште еден доказ дека претходното раководство од коруптивни причини ги држеше тетовчани во заложништво“, обвини Касами.

Тој врачи 159 решенија за легализација на дивоградби и рече дека во меѓувреме се обработени над 3.500 предмети што останале од 2011 година, а 97 од овие случаи и натаму се спорни.

Слични содржини