204
Апликациите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени а обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови. Ова е конечната одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП).
Според одлуката, предметите на поранешното СЈО не пропаѓаат и постапките за нив продолжуваат.
Апликациите во Стразбур ги поднесоа дел од поранешните функционери против кои постапки отвори СЈО, a како причина за нив се наведува аболицијата што поранешниот претседател Ѓорге Иванов им ја даде во 2016 година, но по бурните реакции потоа ја повлече.