„Предупредување за другите!“: Се шири ВИДЕО од руски војници кои одбиле да се борат

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Брутално видео кое наводно го прикажува приведувањето на двајца руски војници кои одбиле да се борат против Украина се појави на повеќе руски и украински канали на Телеграм.

На видеото се гледа како двајца мажи во воена униформа се повикани да се појават пред нивниот командант, пишува „Гардијан“.

Според „Медуза“, независен руски медиум, кој го сподели видеото, инцидентот се случил во руската област Белгород.

„Истражителот ги известува војниците дека на 16 ноември против нив е покрената кривична постапка поради непочитување на наредбите (дел 2.1 од член 332 од Кривичниот законик на Руската Федерација). Овој член предвидува затворска казна од две до три години“, им било кажано на војниците, кои биле брутално приведени.

Активистите за човекови права веруваат дека ова видео е снимено „како предупредување за другите“.

Слични содржини