Предупредувачки протест на вработените во МПМ- на сите им се намалени платите

од desk3
113 прегледи

Вработените во МПМ, фирмата која ги издава весниците Дневник, Утрински весник и Вест, денеска излегоа на протест .Велат дека платите на сите вработени им се намалиле од 10 до 30 %, без притоа да биде косултиран синдикатот. Тоа го дознале денеска кога дошле на работа, а одлуката била закачена на огласната табла. Според нив ова било предупредувачки протест и дека не се согласуваат со одлуката за намалување на платите од страна на сопствеништвото.

11937903_10153573011349804_309166385_n

Според претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија-Тамара Чаусидис наламувањето на платите е апсурдна ситуација.

11951050_10153573010674804_495942763_n

“Денеска излеговме да го искажеме својот протест и револот од одлуката за намалување на платите која утрово беше објавена на огласна табла во МПМ. За земја која успешно ја надминала светската економска криза и која, како што секојдневно слушаме е лидер во економскиот напредок во Европа, недозволиво е да се намалуваат платите на новинарите поради наводно економски причини. Со ова се зголемува несигурноста кај новинарите во МПМ и Македонија кои и онака се најслабо платени во регионот и пошироко” – изјави Чаусидис.11923318_10153573010684804_725796141_n

Таа рече дека ова не ги засега само вработените во МПМ, туку ги засега и редакциите на сите останати медиуми во земјата. Претседателката на ССНМ најави дека ќе побараат поддрша и од останатите медиуми.11950760_10153573010489804_249682348_n

На крајот, по кратко меѓусебно договарање, новинарите од МПМ, присутни на денешниот протест, се договорија и утре и во наредните денови во 12 часот, повторно да излезат пред МПМ и да продолжат со протестот.11924778_10153573010699804_197631174_n

Чаусидис исто така соопшти дека одлуките биле носени зад затворени врати, а синдикатот за нив дознал дури отпосле, иако за можни потенцијални решенија на ситуацијата тие веќе доставиле свои предлози до менаџментот на МПМ.

11938141_10153573010669804_1902106263_n