Германските офталмолози очекуваат дека ќе се зголеми бројот на кратковидни деца поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи наместо да поминуваат време на отворено, тие повеќе време поминуваат дома пред екраните на мобилните телефони и таблетите.
„Може да се очекува кратковидост кај децата во пандемијата бидејќи тие премногу гледаат на екраните на мобилните телефони и таблетите на премало растојание“, изјави за ДПА портпаролот на Професионалното здружение на офталмолози Луџер Вулринг.
– Засега немаме податоци за тоа, но претходните истражувања сугерираат дека ќе се зголеми бројот на деца со миопија, вели тој.
-Со цел да се спречи миопија кај децата, дневната светлина е важен фактор. Дури и слабата дневна светлина е подобра од вештачката светлина, нагласи Вулринг.