Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: “мама направив сообраќајка” (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко. Чекаат да го вриснете името). Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши).
Јас веќе не знаев кај сум. На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина. Шок и безумие, предупредува извесна Мери Георгиевска, мајка на дете, која вели дека овој тренд на изнудување пари преки телефон зема се поголем замав.
Таа додава дека после тоа се собрале некако и отишле во полициска станица.
„Командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно. На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор. При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи“, додава Георгиевска.
Таа го цитира командирот дека картичките се купени припејд во странство и после секое јавување ги фрлаат.