244
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека е загрижен што некои земји сè уште немаат доволно пристап до вакцини за да започнат со имунизација на здравствените работници и најранливите лица против Ковид 19.
„Зголемувањето на производството и фер дистрибуцијата на вакцините остануваат главните пречки за завршување на акутната фаза на пандемијата на Ковид-19“, рече генералниот директор на СЗО, пренесува „Ројтерс“.
Гебрејесус истакна дека е шокантно што во некои земји, здравствените работници и ризичните групи се сè уште целосно невакцинирани против Ковид 19, наведува агенцијата.