ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СКОПЈАНИ: Граѓаните да не ги паркираат своите возила под високите дрвја

од Берта Китинска

Невремето кое вчера го зафати Скопје предизвика штети на одредени места во градот.

Според фотографии објавени на социјалните мрежи, врз гаражи во скопската општина Кисела Вода паднало и дрво.

ЈП „Паркови и зеленило“ преку својот Фејсбук профил ипрати соопштение до граѓаните во кое ги предупредува да не ги пракират возилата по вискои дрвја.

-Поради поројните дождови кои започнаа вчера, а ќе траат и викендов, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегнат несакани последици.Воедно доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи или да ни се обратите со директна порака или мејл, за нашите екипи да интервенираат, велат од претпријатието.

Слични содржини