Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар вели дека доколку не дојде до итна деескалација, постои опасност кризата на Косово да се претвори во регионален конфликт.
Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар оценија дека ситуацијата на Косово е многу тешка и загрижувачка.
Во интервју за Атлантскиот совет и двајцата дипломати изјавија дека решението го гледаат во ослободување на косовските полицајци од притвор и распишување нови избори на северот на Косово и учество на Србите на нив.
Војниците на НАТО, пак, се подготвени да реагираат на Косово за да се спречат понатамошни тензии и каква било ситуација со која може да се соочат, изјави командантот на КФОР Микеле Ристуча.