„Никој нема право од другите да прави будали и да ги убедува дека иницијативата што ја предводи е без било каква политичка позадина. Ова почитувани граѓани, почитувани родители и ученици (слика подолу) е Драгана Спасевска, предводничката на Фејсбук групата “Учебници и настава мора да има”, фотографирана на завршниот митинг на ДПМНЕ во Охрид, на 21 октомври 2016 година“, соопштија од битолскиот огранок на СДСМ.
„Толку почитувани граѓани од партиската независност на Спасевска. Драгана Спасевска која во повеќе наврати изминатите недела – две се колнеше дека зад нејзината иницијатива не стои ниту една политичка партија, нека да им се извини на сите родители и ученици што ги доведе во заблуда.
Затоа, денес уште еднаш прашуваме.
Дали Антонијо Милошоски се сретнал и и дал инструкции на Драгана Спасевска за текот на активностите во нејзината Фејсбук група кон крајот на минатиот месец во Битола?
Дали Пеце (амбасадорот од/на Битола) е локалниот лидер на ДПМНЕ кој е во постојана комуникација со битолски средношколци?
Дали генералниот секретар на ДПМНЕ вчера беше во Битола со цел да ги координира активностите кои следуваат?
Дали после ручекот во еден битолски хотел, Сајкоски и уште неколкумина истакнати функционери на битолскиот огранок на опозициската партија се сретнале со Спасевска?
Што и ветиле како награда за нејзиниот ангажман?
Реформите во образованието се потребни и ќе се случат, а ДПМНЕ повторно ќе биде на погрешната страна“, посочуваат оттаму.