Прегазен 81-годишен велосипедист во Струга

од Берта Китинска

Вчера во 13.20 часот се случил инцидент во Струга кога патничко возило удрило во велосипедист.

Како што информира МВР, на 18.10.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Струга, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(60) од Струга, удрило во велосипед, управуван од С.М.(81) од с.Мислешево, струшко.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Слични содржини