271
Малолетен пешак бил прегазен во Гостивар, информира МВР.
Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 18.50 часот во Гостивар, на бул.„Браќа Ѓиновски“, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(67) од Гостивар удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар, стои во полицискиот билтен.
Увид извршила полициска екипа.