Прегазен пешак во центарот на Скопје, возачот побегнал

од Nikola Popovski
310 прегледи

Полицијата информира дека синоќа после полноќ пешак бил прегазен во центарот на Скопје, а возачот побегнал од местото на несреќата.

-Синоќа 20 минути после полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул.„Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје, информира МВР. По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.

По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини