Прегазена повозрасна жена во Скопје, возачот побегнал

од Nikola Popovski
36 прегледи

Непознат возач прегазил постара жена во центарот на Скопје, информираат од полицијата.

На 07.10.2024 во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје.

-Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини