268
МВР информира дека синоќа во 20 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје возило „ауди“ удрило во 15 годишен пешак од Скопје.
„Возачот на „аудито“ веднаш по несреќата избегал, без да помогне. По незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од полицијата.
На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.