Преголем ризик е: Мадона и Мајли откажаа се поради коронавирусот, фестивалот Кочела под знак прашалник

352 прегледи

Музичките поп ѕвезди Мајли Сајрус и Мадон како и рок бендот Прл Џем ги откажаа концертите поради коронавирусот, а според некои информации и Фестивалот на музика и уметност во долината Кочела, би можел да се откаже за шест месеци, пишува BBC.

Сајрус го откажа патувањето во Автралија, каде требаше да има добротворен концерт за помош на настраданите во големите пожари кои владееја во таа земја.

Мадона ги откажа двата концерти во Париз, бидејќи француските власти ги забранија поголемите случувања, а групата Прл Џем ја откажа турнејата во САД и Канада, со објаснување дека концертите за нив претставуваат преголем ризик.

Во меѓувреме, се шушка дека фестивалот Кочела, кој традиционално се случува во Калифорнија, ќе се одложи за октомври.

Фестивалот, кој во два викенди привлекува околу 250.000 посетители е закажан за април, а на него би требало да настапат Рејџ Агенст д Машин, Травис Скот и Френк Оушн.

Членовите на групата Прл Џем на интернет страницата напишале дека им било посочено „да избегнуваат поголеми собири за времетраењето на епидемијата од коронавирусот кој би можел да биде опасен по животот“.

Слични содржини