Преговарав и со Ливерпул, призна Мбапе

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Голгетерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе излезе со интересно откритие. Во интервју за The Telegraph, тој изјави дека пред да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, имал разговори не само со Реал Мадрид, туку и со Ливерпул.

„Разговаравме малку, но не многу“, потврди 23-годишниот француски репрезентативец, а потоа додаде дека имал можност да се пресели на „Енфилд“ кога го носел дресот на Монако.

„Имав разговори со Ливерпул бидејќи ова е омилениот клуб на мајка ми. Таа го сака Ливерпул. Не знам зошто, треба да ја прашате“, рече Мбапе покажувајќи на мајка му Фаиза.

„Ливерпул е голем клуб. Ги запознав пред 5 години кога бев во Монако. Ова е навистина многу голем клуб“, додаде напаѓачот, враќајќи се на неделите пред потписот со ПСЖ.

Мбапе никогаш не криел дека му се допаѓа стилот на тимот од Мерсисајд под водство на Јирген Клоп.

Самиот Германец неодамна на оваа тема изјави: „Секако дека сме заинтересирани за Килијан. Не сме слепи. Не сакам да коментирам дали имало преговори меѓу Килијан и Ливерпул. Ни се допаѓа, но не можеме да бидеме дел од овие битки“.

Слични содржини