„Преговорите да почнат без одложување“, Макрон вели дека ќе се работи за да се најде решение

од Берта Китинска

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување,.Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите“, порача вечерва францускиот претседател Емануел Макрон на на заедничката изјава со премиерот Зоран Заев пред Елисејската палата во Париз.

Во изјавата, македонскиот премиер говореше за француската поддршка во изминатите 28 години колку што траат дипломатските односи меѓу двете земји.

„Од една ваша изјава пред студентите во Сорбона, дека во Европа лежи нашиот идентитет и Европа ни дава иднина, силно верувам дека Франција може да биде мотор за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. За нас е важно што Франција го поддржува овој просце врз основа на поставените критериуми. Саитот во јуни е шанса за наш напредок и да го тргнеме ветото“,рече Заев.

За предлог-решението на португалското претседателство рече дека е добра основа и дека нашата земја е подготвена за заемно прифатливо решение во рамки на Договорот за пријателство, но дека за јазикот и идентитетот не може да се преговара.

Заев исто така, рече дека очекува зголемување на динамиката и на економската соработка меѓу С Македонија и Франција.

Јуни е критичен месец за западен балкан

Од Тирана, каде се одржува Самитот на земјите од Западен Балкан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, оцени дека оваа година може да го „ носи името на овој регион за заложбата што ја покажува Европската Унија“.

„Јуни е критичен месец за Западен Балкан. Имаме многу прашања на маса. Ние сакаме да организираме меѓувладини конференции со Србија и со Црна Гора, за да ги продолжиме нивните преговори за членство. Ние сакаме да ги организираме првите две меѓувладини конференции со Албанија и со Северна Македонија, го имаме овој Самит за да ги покажеме резултатите. Оваа година навистина може да биде година на Западен Балкан, но ние сакаме резултати“, истакна Вархеји на заедничката прес-конференција со домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.

Слични содржини