Денеска треба да продолжат преговорите во работната група за изборната регулатива. Партиските преговарачи се заплеткани до крај, и никој не попушта од своите строго партиски позиции. НИшто ново за медијаторите и за граќаните. Сите знаат дека ќе се пресече последната минутка, и дека уште еднаш се покажува дека се нема ниту капацитет за нешто повеќе од ова, ниту стратегија за иднината на Македонија на сите граѓани, туку концептот „Македонија моја партија“

А сепак веќе утре истекува крајниот рок за постигнување договор за изборниот пакет. Треба да се реши прашањето за мандатите на дијаспората, составот и надлежноситте на државната изборна комисија, како и прочистувањето на избирачкиот список.
Според извори внатре од партиите и натаму сите се на различни позиции по скоро сите прашања, па веројатно и овој корпус прашања ќе бидат договорени во последен момент, исто како и со изборот на специјалниот обвинител кога „странците“ длабоко во ноќта пред изгрејсонце им кажаа всушност зошто се преговара , за која држава и што требаше да смислат.